Формални и неформални начини на соработка меѓу локални здруженија на граѓани и локални власти
Во хотел Кристал Палас на 23ти и 24ти февруари се одржа петтата работилница за формални и неформални начини на соработка меѓу претставници од локални здруженија и локални власти.
На работилницата присуствуваат претставници од здруженија на граѓани припадници на ромската заедница како и претставници на општина Прилеп, претставници од локалните училишта, од Ромски информативен центар, Центар за социјални работи, Центар за вработување, од Советот на Млади и претставници од Агенција за катастар на општина Прилеп кои учествуваа во идентификување на специфични проблеми и потреби на граѓаните во општина Прилеп.
Со работа во групи учесниците идентификуваа проблеми во делот на социјална заштита, образованието, вработување, дискриминација и стереотипи и понудија конкретни решенија и идеи за нивно надминување.
На вториот ден од работилницата учесниците преку вежби и примери се запознаа со начини за тоа како да препознаат нарушена соработка и решавање на несогласувања и конфликти при соработка, а воедно работеа и во развивање на своите комуникациски вештини.
Работилницата ја спроведуваа двајца искусни обучувачи во соработка со проектниот тим.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.