Зајакнување на капацитетите на под-грантистите за наративно, финансиско и административно работење.
Во Комплекс Етно-Село Тимчевски, на 23 и 24 Март се одржа втората обука за зајакнување на капацитетите на под-грантистите за наративно, финансиско и административно работење.
Првиот и вториот ден од обуката под-грантистите имаа можност преку презентација на досега имплементираните активности да презентираат како ги спроведуваат проектите и да ги разјаснат сите прашања и дилеми што ги имаат во врска со имплементацијата.
Се дискутираше на повеќе теми од областа на наративно, финансиско и административно работење, на кои под-грантистите имаа можност заедно со давателот на под-грантовите но и меѓусебно да разменат мислења и идеи како и да дадат одговори на дилемите за натамошна правилна и навремена имплементација на проектите.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.