Национален ромски центар чиј водечки принцип на работа е подобрување на учеството на Ромите и помалите заедници во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво од 01.04.2016 година го имплементира проектот „Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво”, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија.

 

Проектот е насочен да се воспостават механизми со кои ќе се зголеми и подобри учеството на помалите заедници на локално ниво. Во фокусот на проектот ќе бидат секојдневните проблеми со кои се соочуваат Ромите и другите помали заедници. Ќе се анализира моменталната состојба, кои се проблемите кои водат до неа, со цел да се создадат механизми со кои истата би се подобрила. Имплементацијата на проектот ќе биде во 5 општини: Куманово, Прилеп, Битола, Тетово и Кочани каде што е предвидена соработка со други здруженија на граѓани и претставници на локалните самоуправи и ќе преземат поголем број на активности за остварување на општата цел, односно да се воспостават механизми за зголемено учество и заштита на правата на помалите заедници на локално ниво, во согласност со Охридскиот рамковен договор.

Други цели во проектот се (1) да се промовира редовна консултација и дијалог помеѓу граѓанското општество и локалните органи (Комисија за односи меѓу заедниците, општинските совети), (2) да се мониторира процесот на донесување на одлуки на локално ниво и да се направи проценка на степенот на учество на Ромите и другите помали заедници, (3) да се зајакнат капацитетите на локалните органи за промовирање на интер-етничко разбирање, толеранција, соработка и учество на Ромите и другите помали заедници и (4) да се креираат механизми за зголемување на учеството на Ромите и другите помали заедници во процесот на донесување на одлуки.

Во проектот е планирана реализација на најмалку 10 тркалезни маси за размена на мислења, ставови и идентификување на решенија, квартални состаноци помеѓу претставници на НВО и локалните органи, граѓанска он-лајн платформа каде граѓаните ќе можат да дадат повратни информации за локалните политики, мониторинг на седниците на Советите на општините кои ќе се однесуваат на интер-етнички прашања, проценка на постојните механизми за учеството на помалите заедници, финален извештај и препораки кои ќе бидат публикувани, најмалку 6 работилници за интер-културно разбирање, 3 дводневни тренинзи за надминување на конфликти, градење сојузи и партнерства, зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации со доделување на 6-8 подгрантови, локална стратегија и план на акција за промовирање на учеството на помалите заедници на локално ниво, резиме за ефективни јавни политики за учеството на Ромите и помалите заедници во КОМЗ и општинските совети кој ќе послужи за да се пополнат празнините кои постојат, креирање на Програма за учество на Ромите и помалите заедници во КОМЗ и општинските совети каде ќе се дефинираат конкретни активности за зголемување на нивното учество.

Реализацијата на проектот ќе заврши на 30.09.2017 година.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.
 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*