Создавање на можност и простор за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија на граѓани и претставниците на локалната власт

На ден 30.06.2016 година во просториите на хотелот „Премиер Центар”, Битола се одржа втората тркалезна маса во рамките на проектот. На тркалезната маса присутствуваа локалните здруженија на граѓани и претставници од локалната власт.

Целта на оваа тркалезна маса беше да се создаде можност и простор за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија на граѓани и претставниците на локалната власт. Беше создадена можност за конструктивна дискусија со цел да се создаде соработка и комуникција помеѓу учесниците како и да идентификуваат решенија на определени проблеми кои потенцијално ги имаат.

Во дискусија на темата беа отворени голем број на прашања и проблеми за кои претставниците на локалната власт и здруженијата на граѓаните дискутираа.

На крајот на тркалезната маса се донесоа заклучоци на кои ќе се работи во следниот период на средби кои ќе се одвиваат помеѓу учесниците со цел да се надминат проблемите и да се создадат можности за добра комуникација и соработка.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0394-800x600 DSC_0380-800x600 DSC_0377-800x600 DSC_0364-800x600 DSC_0296-800x600 DSC_0335-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*