Промовирање на целите на проектот и резултатите од проектните активности

На 21.07.2017 година во ресторан Огниште, Кочани се одржа втората средба со новинари во рамките на проектот „Подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво„ на која присуствуваа локални медиуми и претставници од партнерската организација.

Проектниот менаџер даде изјава на локалните медиуми со која го претстави проектот, целите и активностите кои се имплементираат во рамките на проектот во соработка со претставници од локални граѓански здруженија, претставници на локалната власт како и претставници од подрачните единици на органи на државна управа.

Како резултат на спроведените активности во рамките на проектот се изготвени Стратегија со акционен план и Програма за работа со три приоритетни обласи кои граѓаните на општина Кочани ги издвоија со цел за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.

Претседателот на партнерската организација се заблагодари за учество во проектот и резултатите кои произглегоа од него.

Повеќе информации за средбата можете да најдете на следните линкови:

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0081-800x600 DSC_0083-800x600 DSC_0092-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*