Создавање на одржливи канали за дијалог и партнерство помеѓу локалните здруженија и претставниците на локалната власт
На ден 26.08.2016 година во просториите на eдиниците на локална самоуправа на општина Кочани се одржа вториот квартален состанок. На кварталната средба присустуваа локалните здруженија на граѓани, претставници од советот на општина Кочани, како и преставници од локалните основни училишта.
Целта на оваа средба беше да се воспостават одржливи канали за дијалог и партнерство помеѓу граѓанските организации и локалните органи со цел да се обезбеди учество на граѓанското општетство во процесот на донесување на одлуки.
На средбата се дискутираше за образованието на Ромите во Кочани, присутноста на ромските деца во училиштата и проблемите со кои се соочуваат при образовниот процес. Беше создадена можност учесниците да споделуваат искуства и мислења како и да идентификуваат решенија за проблемите со кои реално се соочуваат.
На крајот на средбата добивме сознанија за тоа со кои потешкотии се среќаваат локалните здруженија на граѓани, училиштата и општината во Кочани при образовниот процес на Ромите. Беше заклучено на кои проблеми ќе треба да им се посвети поголемо внимание, како и можните решенија кои ќе придонесат за подобрување на степенот на образованието кај ромските деца.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.