Промовирање на целите на проектот и резултатите од проектните активности
На 26.07.2017 година во хотел Театар, Битола се одржа трета средба со новинари во рамките на проектот Делуваме.Локално.Заедно. на која присуствуваа локални медиуми и претставници од граѓански здруженија.
Проектниот менаџер во изјавата за медиумите го претстави проектот, целите и активностите кои се имплементираат во соработка со претставници од локални граѓански здруженија, претставници на локалната власт како и претставници од подрачните единици на органи на државна управа.
Како резултат од спроведените активности во рамките на проектот се изготвени Стратегија со акционен план и Програма за работа со три приоритетни области од делот на образование, вработување и култура со цел за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.
Повеќе информации за средбата можете да најдете на следниот линк:
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.