Во ресторан Рим-Париз на 26 и 27 јануари се одржа работилница за формални и неформални начини на соработка меѓу претставници од локални здруженија и локални власти.

На работилницата присуствуваат претставници од здруженија на граѓани припадници на ромската, албанската, македонската заедница како и претставници на општина Куманово, Центар за социјални работи, Сектор за управни работи и советот на општина Куманово кои учествуваа во идентификување на специфични проблеми, предизвици и потреби на помалите заедници во општина Куманово. Со работа во групи учесниците идентификуваа проблеми во делот на култура, образование, вработување, здравство и урбанизам и понудија конкретни решенија за нивно надминување.

На вториот ден од работилницата учесниците се запознаа со начини за тоа како да препознаат нарушена соработка и решавање на несогласувања и конфликти при соработка и работеа на развивање на своите комуникациски вештини.

Работилницата ја спроведуваа двајца обучувачи Зоран Стојковски и Билјана Пешевска во соработка со проектниот тим.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0052-800x600 DSC_0071-800x600 DSC_0060-800x600 DSC_0051-800x600 DSC_0046-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*