Разгледување на можности за соработка и проактивно делување на локално ниво за (по) малите заедници
На ден 22.08.2016 година во просториите на единицата за локална самоуправа се одржа работен состанок со Раководителот на Секторот за јавни дејности на општина Тетово, Г-дин Ахмед Ќазими и неговите соработници.
Целта на овој работен состанок беше претставување на проектот, проектните активности и разгледување на можности за идна соработка со општина Тетово за подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво.
Раководителот кажа дека општината е отворена за натамошна соработка со цел проектот успешно да се имплементира за да се подобри учеството на помалите заедници на локално ниво и дека проектот и проектните активности ќе ги подржат во целост доколку тоа е во нивната можност.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.