Напредни комуникациски вештини и соработка меѓу локални здруженија и локални власти
На 04 и 05 септември во хотел Бисер, Струга се одржа првата работилница за напредни комуникациски вештини со претставници од граѓански здруженија и локални власти од општините Куманово, Тетово и Скопје.
Првиот ден на работилницата учесниците се запознаа со методи на потикнување на активно и иновативно размислување, интерперсонални стилови на лицата во работно опкружување според трансакционата анализа а, преку примери и вежби ги зајакнаа своите вештини.
Вториот ден од обуката со активно вклучување во работилницата учесниците преку вежби и примери ги збогатија своите знаења и вештини за говор на тело и неформална игра на моќ.
Работилницата ја спроведуваа двајца искусни обучувачи во соработка со проектниот тим.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.