Зголемување на вештините и знаењата на учесниците за промоција на меѓу-културно разбирање и толеранција на локално ниво.
На 13-ти и 14-ти Октомври 2016 година во хотел „Театар”, Битола се одржа првата работилница за меѓу–културно разбирање и права на заедниците. На работилницата присутствуваа локалните здруженија на граѓани, претставници од советот на општина Битола, како и претставници од локалната администрација.
Целта на оваа работилница беше учесниците да се запознаат со најновите меѓународни развои за промоција на меѓу-културно разбирање и заштита на правата на зедниците, за националната и локалната политичка и стратегиска рамка за промоција на меѓу-културна соработка, толеранција и заштита против дискриминација.
Беше создадена можност учесниците да споделуваат искуства и мислења како и да идентификуваат решенија за проблемите со кои реално се соочуваат.
На крајот на работилницата беше заклучено на кои проблеми ќе треба да им се посвети поголемо внимание, како и можните решенија кои ќе придонесат за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.