Кратко резиме на под-грантовите
Во рамките на проектот „Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво„ финансиран од Делегација на Европска Унија, Национален ромски центар заедно со партнерската организација Авена доделија 7 под-грантови за зајакнување на капацитетите на помалите граѓански здруженија во времетраење од 6 месеци.
Кратко резиме на под-грантовите:
Центар за интеграција на Роми од Штип- Придонес кон застапување и подигање на свеста кај помалите заедници (Роми и Јуруци -посебна етничка заедница која се поврзува со турската етничка заедница) во врска со институцијата Народен правобранител.
Романо Вило од Кочани- Градење на активности кои ќе поттикнат вклучување на помалите заедници, со што ќе се овозможи социјализација меѓу луѓето од различни етнички заедници.
Здружение за поддршка на маргинализирани заедници „Ромски Ресурсен Центар„ од Скопје- Подобрување на меѓуетничките односи и почитување на различноста кај младите Роми и младите припадници од другите помали заедници кои живеат во општина Шуто Оризари.
Здружение за Перспективна Интеграција и Развој „Рома Перспектив„ од Прилеп- Да се избегне социјална исклученост на младите луѓе од помалите заедници преку истражување и обуки за градење на нивните вештини со цел да станат активни граѓани во нивната заедница.
Центар за економски политики, анализи и консалтинг ЦЕПАК- Да се унапреди меѓуетничката толеранција меѓу младите припадници на помалите заедници и нивна подготовка за учество во демократските процеси на локално ниво.
Организација на Ромска младина „Бела Кула„ од Кичево- Подобрување на комуникацијата на Ромите и другите помали заедници со институциите во општина Кичево и подигнување на свеста и информирање на Ромите и припадниците од другите помали заедници за застапување врз основа на правото на домување.
Здружение на граѓани Центар за Младинско Дејствување од Скопје- Зајакнување на капацитетите и вмрежување на локалните младински здруженија на граѓани и развивање на проектни апликации за програмата Еразмус плус.
За времетрањето на под-грантовите беа одржани 3 обуки за зајакнување на капацитетите на под-грантистите за финансиско, административно и програмско работње при имплементација на проекти финансирани од Европска Унија.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.