Создавање на можности за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија и претставниците на локалнта власт
На ден 18.11.2016 година во просториите на ресторанот „Принц”, Тетово се одржа четвртата тркалезна маса од овој проект. На тркалезната маса присустуваа локалните здруженија на граѓани и претставници од локалната власт.
Целта на оваа тркалезна маса беше да се создадат можности за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија на граѓани и претставниците на локалната власт. Беше создадена можност учесниците да споделуваат искуства, мислења како и да идентификуваат решенија на определени проблеми кои потенцијално ги имаат.
Во дискусија на темата како помалите заедници учествуваат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво беа отворени прашања и проблеми за кои претставниците на локалната власт и здруженијата на граѓаните дискутираа.
Се донесоа неколку битни заклучоци на кои ќе треба да се работи во следниот период на состаноци кои ќе се одвиваат помеѓу локалните здруженија и претставниците на локалната власт со цел да се надминат проблемите и да се создадат можности за добра комуникација и соработка.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.