Промовирање на целите на проектот и резултатите од проектните активности
На 01.08.2017 година во ресторан Кркам Бар, Прилеп се одржа четвртата средба со новинари во рамките на проектот „Подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво„ на која присуствуваа локални медиуми и претставници од граѓански здруженија, локалната власт и од подрачните единици на органи на државна управа.
Проектниот менаџер даде изјава на локалните медиуми со која го претстави проектот, целите и активностите кои се имплементираат во рамките на проектот и дека како резултат на нив се изготвени Стратегија со акционен план и Програма за работа со три приоритетни области кои граѓаните на општина Прилеп ги издвоија со цел за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.
Исто така со задоволство кажа дека овие два документи кои беа доставени до советот на општината се усвоени и ќе претставуваат како еден генерален меморандум за соработка помеѓу локалната власт и граѓанските здруженија за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.