Формални и неформални начини на соработка меѓу локални здруженија на граѓани и претставници на локалните власти
Во хотел Лирак на 20-ти и 21-ви февруари се одржа четврта работилница за формални и неформални начини на соработка меѓу претставници од локални здруженија и локални власти.
На работилницата присуствуваат претставници од здруженија на граѓани припадници на ромската, македонската, српска, хрватска заедница како и претставници на општина Тетово, претставници од локалните училишта, од Комисијата за односи меѓу заедниците и од Сектор за внатрешни работи на Тетово кои учествуваа во идентификување на специфични проблеми, предизвици и потреби на граѓаните во општина Тетово.
Со работа во групи учесниците идентификуваа проблеми во делот на загадувањето, образование, документација на припадниците од Ромската заедница, легализација, здравство и понудија конкретни решенија за нивно надминување.
На вториот ден од работилницата учесниците работеа на развивање на своите комуникациски вештини преку вежби и примери и се запознаа со начини за тоа како да препознаат нарушена соработка и решавање на несогласувања и конфликти при соработка.
Работилницата ја спроведуваа двајца искусни тренери во соработка со проектниот тим.
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.