Промовирање на целите на проектот и резултатите од проектните активности
На 20.07.2017 година во хотел Лирак, Тетово се одржа првата средба со новинари во рамките на проектот Делуваме.Локално.Заедно на која присуствуваа локални медиуми и претставници од локалната власт.
Проектниот менаџер даде изјава на локалните медиуми со која го претстави проектот, целите и активностите кои се имплементираат во рамките на проектот во соработка со претставници од локални граѓански здруженија, претставници на локалната власт како и претставници од подрачните единици на органи на државна управа.
Како резултат на спроведените активности во рамките на проектот се изготвени Стратегија со акционен план и Програма за работа со три приоритетни обласи кои граѓаните на општината ги издвоија со цел за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.
Повеќе информации за средбата можете да најдете на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=Z-JfbY3SUEk&feature=youtu.be
****
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.