На 09 и 10 Февруари во Хотел  Аурора Ресорт- Берово во одлична работна атмосфера се  одржа првата обука за комуникација во мултикултурно опкружување, тим, тимска работа и решавање на конфликти.

На обуката присуствуваа преставници од здруженија на граѓани  припадници на ромската, влашката, македонската заедница  од Куманово и Кочани, претставници на совет општина Куманово и општина  Кочани, преставници од Центар за социјални работи од Куманово и Кочани,како и преставници од комисијата за односи меѓу заедниците.  Учесниците со работа во групи   беа запознаени со улогите на тимот, значењето на тимска работа,  препознавање на  конфликти и нивно надминување. Преку вежби сите присутни активно учествуваа на обуката, каде разменија искуства и споделија мислења за проблемите со кои се соочуваат.

Обуката ја спроведуваа Зоран Стојковски и Билјана Пешева во соработка со проектниот тим.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0211-800x600 DSC_0406-800x600 DSC_0410-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*