Простор и можност за соработка меѓу локалните здруженија на граѓани и претставниците на локалната власт

На ден 08.06.2017 година во просториите на хотел „Театар”, Битола се одржа осмата тркалезна маса во рамките на проектот “Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво.” На тркалезната маса присуствуваа претставници од локални здруженија на граѓани, од локаланата власт, претставници од основните училишта и од Агенција за вработување.

На оваа тркалезна маса учесниците имаа простор и можност да ги кажат своите мислења и ставови за стратешките документите кои тие заедно со проектниот тим и експертот ги изработија во рамките на проектните активности, како и за досегашната соработка при имплементација на проектот.

Во текот на презентациите и диксусијата на тркалезната маса се нагласија неколку измени кои треба да бидат внесени во документите со цел за подобрување на учеството на помалите заедници во општина Битола.

20170608_121040

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*