Создавање на можности за соработка и комуникација меѓу локалните здруженија и претставниците на локалната власт
На ден 07.07.2017 година во просториите на хотелот „Лирак”, Тетово се одржа деветата тркалезна маса. На тркалезната маса присустуваа локалните здруженија на граѓани и претставници од локалната власт.
На тркалезната маса учесниците имаа можност да ги кажат своите мислења и ставови за документите кои тие заедно со проектниот тим и експертот ги изработија во рамките на проектните активности, како и за досегашната соработка при имплементација на проектот.
Во текот на диксусијата и презентациите на тркалзната маса се донесоа неколку измени кои треба да бидат внесени во документите кои се изработени со цел за подобрување на учеството на помалите заедници во општина Тетово.