НРЦ со достојна почит за загинатите од НОБ, по повод 11 Ноември

По повод 11 Ноември, Денот на ослободување на Куманово, бројни делегации, меѓу нив и делегација на Националниот Ромски Центар, предводена од извршниот директор Ашмет Елезовски, положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата,.На ова одбележување, претставниците од НРЦ им оддадоа достојна почит на учесниците од НОБ кои своите животи ги дадоа за слободно Куманово и слободна Македонија. Пред споменикот на хероите од НОБ, цвеќе положија делегации од општината,  Армијата, Владата, Собранието на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка борба, Советот на општина Куманово, делегации од амбасади, невладини здруженија, училишта и бројни граѓани.

„Оддадовме почит на загинатите од НОБ.Мора да потенцирам дека во бробите во НОБ учествуваа и Роми кои ги дадоа своите животи за денешна слободна Македонија, борејќи се против фашизмот, меѓу нив и Рушти Шаќир. НРЦ секоја година го почитува овој празник, оддавајќи им почит на сите загинати во НОБ без разлика на етничката припадност, како НРЦ и како дел од Европското Ромско Движење“-рече Елезовски.

На одбележувањето покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, присуствуваше и Луиза Винтон, висок претставник на УНДП, како и делагации од збратимените градови, меѓу кои од Бања Лука, Бјелина, Никшиќ, Нови  Сад, Кампина, Пловдив, Горни Милановац, Ќустендил, Крива Паланка.

По повод, Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември , се одржа и свечена седница во организација на градоначалникот и на советот на општина Куманово, на која меѓу бројните високи делегации од градот и државата учествуваше и делегација од НРЦ.

 

IMG_0277-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*