На дебатата организирана од Македонско здружение на млади правници се зборуваше за ефикасноста на механизмите за заштита од дискриминација во Република Македонија.

Преставникот на НРЦ, Оливер Митов во својство на  воведничар даде осврт на заклучоците во однос на ефикасноста и ефективноста на механизмите за спречување и заштита од дискриминација од „Анализата на механизмите за спречување и заштита од дискриминација во РМ“. Тој зборуваше во контекст на делотворноста на правните лекови и нивната ефикасност, немањето доволен капацитет и сензилибитет за постапување во предмети за заштита и спречување на  дискиминација од страна на институциите и потребата од подигање на јавната свест кај граѓаните за механизмите за заштита и спречување на дискриминација во контекст на дискриминацијата што ја трпат припадниците на ромската зедница.
Тимот кој работеше на овој проект даде осврт на наодите, стратешкото застапување, заклучоците и препораките од Анализата на механизмите за спречување и заштита од дискриминација во РМ, а потоа се зборуваше за иднината и перспективите на постоечкиот Закон.
[post_gallery]