Августовски старт на четвртата по ред кампања ДОСТА! за надминување на предрасудите и запознавање на културните вредности на ромскиот народ и создавање на подобра парадигма за Ромите

Националниот ромски центар овогодинешната четврта по ред кампања „ДОСТА! Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите!“ ja започна со имплементација  на активности во август 2018 година во Куманово во рамките на кампањската акција „Ромска гордост“ поддржана од Советот на Европа.

И во оваа година НРЦ во партнерство и соработка со 6 основни и 5 средни училишта од Куманово, планираните активности во рамките на споменатата кампања ќе ги спроведе во 3 фази: Креативнa работилницa, настан за подигнување на свесноста и крајната фаза изложба, при што ученици од основните и средните училишта ќе бидат вклучени во активностите преку менторско надгледување од страна на професори по ликовна уметност.

Целта на проектот е преку планираните активности да се допринесе во намалуавање на стереотипите и дискриминацијата со која се соочуваат учениците Роми во образовниот систем, но и промена на тековната перцепција за Ромите формирана со бројни предрасуди преку промовирање на вредностите на ромската заедница и создавање на подобра слика за Ромите. Подигнувањето на свесноста во пошироката јавност се очекува да се постигне со изложбата на уметничките дела креирани од учениците со креативните работилници како дел од уметничата колонија и преку промоција на креативното видео против стереотипи и дискриминација создадено од снимените материјали за време на имплементацијата на активностите од кампањата.

„Ромска Гордост“ е кампања преку која се манифестира еднаквост и достоинство во повеќе земји во Европа, со цел да им даде на младите надеж за иднината и да се бори за нивното право да имаат корист од доброто образование, образование кое ќе им овозможи да го најдат својот пат, да го обликуваат сопствениот живот, без задушливи ограничувања наметнати од расизмот.

Да ги запознаеме Ромите преку Ромска Гордост, да ја славиме ромската култура, традиција и историја со достоинство!

Активностите ќе траат од 15 август до 15 декември 2018 година.

 

Линк од креативното видео од минатогодишната кампања:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*