Кампањата се реализира со цел да се влијае врз перцепциите за Ромите кои се базираат на предрасуди и стереотипи преку промовирање вредности на ромскиот народ и создавање на подобра слика за Ромите

Националниот ромски центар од Октомври 2017 започна со имплементација на кампањата Доста! „Надмини ги предрасудите, запознај ги ромите!“, и кампањата „Ромска гордост“. Активностите од кампањата се поддржани од кампањата Доста! програма на Советот на Европа и „Европа за граѓаните“ Програма на европската унија.

Оваа е трета година како се имплементира кампањата „ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите!“! во партнерство и соработка со основните и средните училишта од Куманово. Активностите од кампањата ќе бидат реализирани во 3 фази: Работилница, Хепенинг и Изложба.

Во кампањата ДОСТА! „Надмини ги предрасудите, Запознај ги Ромите!“е вклучена и кампањата за достоинство на Ромите „Ромска Гордост“

„Ромска Гордост“ е кампања преку која по осми пат се манифестира Еднаквост и Достоинство во Европа, со цел да им даде на младите надеж за иднината и да се бори за нивното право да имаат корист од добро образование, образование кое ќе им овозможи да го најдат својот пат, да го обликуваат сопствениот живот, без задушливи ограничувања наметнати од расизмот.

Да ги запознаеме Ромите преку Ромска Гордост, да ја славиме ромската култура, традиција и историја со достоинство!

BANER final 2-800x600 POSTER-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*