Chachipe map е интернационален фотографски натпревар кој за прв пат беше објавен во октомври 2011 година, организиран од страна на Open Society Foundation и OSA Archivum

По повод 8ми април, Унгарската амбасада во Скопје и ФООМ, на 5ти април 2013 год. во галеријата ОСТЕН во Скопје организираа фото изложба под името Chachipe Map, кој е трет по ред фотографски Chachipe натпревар. Chachipe map е интернационален фотографски натпревар кој за прв пат беше објавен во октомври 2011 година, организиран од страна на Open Society Foundation и OSA Archivum. За информирање на јавноста, Chachipe значи „вистина”, „право” или „реалност” на ромски.

Фото изложбата ја отвори Dr. Jozsef Bencze, амбасадор на Унгарија во Македонија. Свое обраќање имаше Неждет Мустафа, Министер без ресор, Национален координатор на Декадата за вклучување на Ромите.

Свое обраќање, поздрав и честитање на празникот 8ми април – Ден на Ромите, имаше и Ашмет Елезовски од Национален ромски центар, кој воедно беше и член на жири комисијата за Chachipe младинскиот конкурс. Г-нот Елезовски при својот поздрав, даде краток осврт на почетокот на оваа позитивна активност на почетокот на 2011 година до сега, со што им се даде можност на ромските фотографи преку нивните фотографии да го прикажат своето видување на убавината и тежината на животот на Ромите, тесно поврзан со процесот на Декадата на Ромите 2005 – 2015 и нивната инклузија. Елезовски укажа дека многу светски борци за човечките права користеа различни форми за борба против предрасудите, дискриминацијата, расизмот и дека денешнава изложба во денешно време е солиден инструмент за стопирање на манипулациите со Ромите од сите полиња на секојдневниот живот. Тој се осврна на една фотографија во која родителот на своето дете го насочува да гледа кон ширината и убавината на водата и да се бори за своите права за солидна едукација, солиден живот, право на движење, право на имот, право на партиципација и одлучување во земја во која е роден или сака да продолжи да живее. Тој посака оваа иницијатива да продолжи, но да биде по видлива и поприсутна  во повеќе градови, ромски и неромски населби. Тој напомена:

„Јас сум Ром, јас сум Македонец, но сум и Европјанин и не сакам моето право и правото на сегашните и идните генерации некој да им ги одземе за нивни политички, економски и останати интереси. Chachipe, вистина или реалност, се вредности кои сите треба да ги поседуваме.”

Г-нот Елезовски воедно им се заблагодари на Roma Initiatives Office и OSF чиј претставник Anita Czinkoczi го организираше овој настан.

[post_gallery]