Се известуваат граѓаните дека на ден 23 септември 2007 година, со почеток во 7 часот па се до доцните попладневни часови, на плоштадот во Куманово ќе се вршат бесплатни лекарски прегледи. Сите заинтересирани граѓани ќе можат да го измерат индексот на нивната телесна маса, крвниот притисок, како и нивото на шеќерот и холестеролот. Оние граѓани кои сакаат да извршат мерење на нивото на шеќерот и холестеролот не треба да појадуваат.

Истовремено лекарите ќе им бидат достапни на граѓаните за да добијат стручни совети за нивното здравје.