Проблемите со кои се соочува ромската популација во Р. Македонија беа теми на дискусија помеѓу Амбасадорката на Кралството Холандија и тимот на НРЦ
НРЦ на средбата ги презентираше своите тековни и идни активности, а воедно даде свои видувања за актуелните случувања на тема миграции, човекови права, здравство и образование.
Амбасадорката беше заинтересирана за најгорливите проблеми со кои се соочуваат Ромите, колку ги уживаат правата во Македонија и како се справуваат во секојдневието.
Средбата се оддржа во просториите на Национален ромски центар, по иницијатива на НРЦ, а во присуство на амбасадорката Шурман, Мимоза Гугуловска, советничка за добро раководење и култура во Холандската Амбасада, Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ и тимот кој раководи со програмите на здружението.
Амбасадорката Шурман со богато дипломатско искуство пред три месеци дојде на местото на амбасадорката Симоне Филипини.
[post_gallery]