Национален ромски центар во рамките на проектот „Социјална инклузија на ромски жители и Роми повратници во Македонија“ со финансиска поддршка од „Ние дејствуваме“ подели 500 училишни пакети на првачиња Роми во Куманово, Штип, Кочани, Велес, Прилеп и Кичево.

 

Насмеани детски лица, љубопитни очи, делумно збунето одговараат на прашањата поставени на македонски јазик… се развртуваат низ отворените детски катчиња прашувајќи дали може малку да си поиграат со играчките. Си играат додека родителите ја потпишуваат потребната документација и потоа бираат боја на училишен ранец – жолта, портокалова, црвена, сина или зелена. А во ранецот основен училишен прибор – боички, фломастери, молив, гума, пластелин и 3 тетратки. Со ранецот на грб и родителот за рака заминуваат од центарот ветувајќи дека пак ќе дојдат наскоро.

dsc_0155-800x600 dsc_0161-800x600 dsc_0178-800x600 dsc_0196-800x600 dsc_0214-800x600 dsc_0230-800x600 dsc_0285-800x600 dsc_0310-800x600 imgpsh_fullsize-800x600

dsc_0150-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*