„Доста, надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“

150-тина ученици од кумановските основни и средни училишта, денеска, заеднички твореа, ликовно се изразуваа и на тој начин упатија порака дека се против дискриминацијата. Оваа активност се реализира преку кампањата  на Националниот Ромски Центар, насловена „Доста, надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите“.

„Учениците се „борат“ против дикриминацијата со цртање на маици со пишување цитати, пароли, по што ќе следи снимање креативно видео против дискриминација“-изјави ,координаторот на проектот, Ифран Мартез од НРЦ.

Кампањата се одвива  трета година по ред со поддршка на Советот на Европа и кампањата „Доста“.Инаку, претходно беа организирани работилници на кои надлежните од канцеларијата на народниот правобраните преку предавања, примери, интерактивни работилници ги едуцираа учениците  како да ги  надминат  стереотипите, предрасудите и дискриминацијата. Дискриминацијата постои не само кон припадници на различни етнички заедници, таа, според Мартез е доста застапена меѓу самите ученции кои во интерактивните работилници навеле примери како биле дискриминари по различни основи.

Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезвоски изјави дека овие креативни творења на деца од различна етничка припадност, само можат да продонесат да се надминат разликите, со цел, градење поубава иднина за граѓаните од мултиетничко Куманово.

Тој додаде дека во кампањата се приклучиле државните и општинските институции, но особено значајно е што се вклучуваат учениците и менторите, бидејќи, додаде надминуавњето на стереотипите, предрасудите и клучно, борбата против дискриминацијата треба да започна од најрана возраст.

46- 45- 44- 43- 42- 41- 40- 39- 38- 37- 36- 35- 34- 33- 32- 31- 30- 29- 28- 27- 26- 25- 24- 23- 22- 21- 20- 19- 18- 17- 16- 15- 14- 13- 12- 11- 10- 09- 08- 06- 05- 04- 03- 02-

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*