Активноста беше организирана во рамките на проектот „Промоција на социјалната инклузија на млади од маргинализирани рурални заедници”.
Националниот ромски центар, заедно со волонтерите од Центарот за поддршка на заедниците, на 14 Февруари 2013 год. симболично го одбележа Денот на вљубените – Св. Валентин со тоа што беа поделени над 100 црвени балони во облик на срце во центарот на Куманово. Балоните се подаруваа на случајните минувачи, брачни двојки и вљубени парови. Настанот беше организиран во рамките на проектот “Промоција на социјалната инклузија на млади од маргинализирани рурални заедници”.
[post_gallery]