Во рамките на кампањата “Клучот е во ваши раце” Националниот Ромски Центар во партнерство со Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта од 9 до 13 Јуни реализираше Тренинг за медијатори во Велес. Медијаторите ќе бидат ангажирани да бидат мост за соработка помеѓу ромските семејства, нивните деца како и релевантните институции (локалната самоуправа и училиштата), се со цел да се вклучат Ромските деца во основното образование како и нивно задржување во образовниот систем. Медијаторите ќе бидат ангажирани во 11 града во Р.Македонија: Куманово, Скопје, Прилеп, Крива Паланка, Кочани, Виница, Тетово, Битола, Штип и Кавадарци. Кампањата беше иницирана во 2006 година и се имплементираше во три града, а оваа година продолжува.

Проблемот на образованито е водечки фактор за недостатоците и проблемите со кои се соочува Ромската популација.

Процесите за подобрување на состојбата на овој план беа иницирани од значајни интелектуалци, НВОи, Ромски активисти, Владини институции, а од нашето поблиско минато се повеќе може да се види заинтересираноста за ромското прашање кај значајни личности кои лобираат за сензибилизирање на ромската проблематика. Хоакин Кортез, пејачката на Ваја кон Диос итн. се едни од поддржувачите.

Образованието е клуч кој е во наши раце, во рацете на сите нас, за подобра иднина, просперитет, и еднакво учество како рамноправни граѓани во македонската држава.

Националниот Ромски Центар и во иднина перманентно ќе информира за сите последователни активности.

Наша финална благодарност упатуваме до консултантската куќа за тренери БАСМЕ кои ја споделија својата експертиза за успешно релаизаирање на тренингот, како и до сите уче-сници на тренингот, а секако и благодарност до сите оние кои се пријавија како кандидати.

Кампањата од самиот почеток се реализира со поддршка на Претседателот на Р.Македонија, Премиерот, Министерството за образование (Управа за развој и унапредување на образо-ванието на јазиците на припадниците на заедниците и Биро за развој на образование) како и Локалната самоуправа.