Во текот на месец ноември во шест општини беа организирани промоции на анализата и документот за политики „Достапност и пристап до услуги за поддршка на жени и девојки Ромки коишто преживеале насилство врз жени во Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип“.

Оваа анализа е изработена во рамките на проектот „Поддршка на жени Ромки да ги идентификуваат нивните потреби, да ги побараат своите права и да се зголеми пристапот до услуги за оние што преживеале насилство“, имплементиран од Националниот ромски центар, во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови“.

Авторка на извештајот е  проф. д-р Стојанка Мирчева, вонредна професорка по Полиција и човекови права и раководителка на Катедрата за полициски науки на Факултетот за безбедност – Скопје, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Таа е авторка на голем број трудови објавени во национални и меѓународни научни списанија. Нејзини главни области на истражување се насилството врз жените, ранливите групи и недискриминација, родовото чувствително постапување со жртвите во казнено – правниот систем, правдата за децата, полициските овластувања и полициската организација.

Извештајот во целост е поставен на следниот линк:

dostapnost i pristap – izvestaj

 

DSC_1005 DSC_1006 DSC_1008 DSC_1018 DSC_1025 DSC_1032

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*