Национален ромски центар и Симбиозис 12 во текот на месец јули 2020 организираа отворени информативни средби на кои можеа да присуствуваат сите граѓани, поканети на средбата, но и случајни минувачи. На средбите беа поделени промотивни материјали, беа споделени информации во врска со правната рамка и бесплатната правна помош обезбедена во рамките на проектот и беа соберени информации за можни последователни посети по куќи.

Во согласност со идентификуваните потреби на граѓаните, во проектот се организираат дополнителни домашни посети и состаноци со правниот тим на проектот. Граѓаните кои се заинтересирани за повеќе информации за програмата за бесплатна правна помош ќе бидат упатени до правната служба на проектот.

На отворените информативни денови во Крива паланка, Штип, Кочани, Кичево и Прилеп беа информирани повеќе од 150 граѓани. Настаните беа организирани согласно препораките на Владата во однос на заштитните мерки за здравствена заштита.

Крива Паланка
Крива Паланка
Кочани
Прилеп
Прилеп
Штип
Кичево
Кичево

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*