Разбирањето, одговорноста и меѓуетничкиот соживот се вредностите кои треба да се негуваат и почитуваат, потенцираше амбасадорот Жбогар на свеченоста по повод денот на Европа
На покана од страна на амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар НРЦ имаше чест да присуствува на одбележувањето на 67-миот роденден на Европската Унија.
На настанот беа присутни бројни претставници од политичкиот и јавниот живот.
Пораката на амбасадорот Г-дин Самуел Жбогар беше во насока на враќањето на Македонија на патот кој води кон развој, приближување и членство во ЕУ дијалогот притоа потенцирајќи дека разбирањето, одговорноста и меѓуетничкиот соживот се вредностите кои треба да се негуваат и почитуваат.