Национален ромски центар во парнерство со ООУ „Кочо Рацин“ од Куманово и „Порака наша“ ќе биде вклучен во имплементација на проектот „Едно сонце за сите“

Проектот „Едно сонце за сите“ (One Sun for Everyone) на ООУ „Кочо Рацин“ Куманово е избран и одобрен од страна на Академијата на централно-европски училишта (ACES) по јавниотScreen Shot 2017-05-03 at 7.35.07 PM повик на Министерството за образование на Република Македонија и ACES- act local на тема „Секој поединец е значаен. Заедно до социјална инклузија.“ Откако беше одобрен од страна на Министерството во февруари, дознаваме дека „Едно сонце за сите“ е еден од 40 најквалитетни избрани проекти од вкупно 122 апликации од 15 држави во централна Европа.

Проектот ќе се реализира со тим на ученици од VIII и IX одделение од месец мај до месец декември 2017 во соработка со партнерите „Порака Наша“ – Регионален центар за лица со интелектуална попреченост и „Националниот ромски центар”.
Селектираните добитници на грантови може да се видат на следниот линк: http://www.act-local.aces.or.at/images/doku/awarded-projects-2017.pdf

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*