На ден 3.04.2017 започна манифестацијата “Златно Тркало” и траеше седум дена до 11.04.2017.Настанот се одржа во Скопје во Кинотека на Р.Македонија.

Секој ден се одржуваа работилници и прожектираа филмови од повеќе учесници од различни држави и градови.

Национален Ромски Центар учествува на фестивалот со свое филмско остварување.
Во конкуренција на повеќе филмови од земјите на регионот(Бугарија,Унгарија,Македонија,Австрија и др.).
Ромскиот Филмски Фестивал Златно тркало со продукција на BTR,ја додели наградата “grand prix” на Национален Ромски Центар за најдобро филмско сценарио со наслов ” Сенки на животни приказни” со времетраење од 15мин.

Филмот е изработен како производ од кампот за девојки Ромки “БУВЕРО” од групата Shadow Ladies.Во филмот се акцентира на четири животни приказни која ја опфаќа дискриминацијата.

Во филмот учествуваа: млади Ромки од различни градови од Македонија со сценарио Ирфан Мартез.

За почит и респект беше прикажувањето на документарниот филм за покојната позната Ромска пеачка Есма Реџепова.На фестивалот директорот на BTR продукција Зоран Димов се заблагодари на присутните гости и учесници(амбасадори,актери,претставници од политика и цивилното општество).

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*