140 пакети на новороденчиња Роми, родени во текот на 2016 година во Куманово, Штип, Кочани, Велес, Прилеп и Кичево беа поделени во рамките на проектот „Социјална инклузија на ромски жители и Роми повратници во Македонија“ со финансиска поддршка од „Ние дејствуваме“.
За поддршка на младите родители, за здрави бебиња… со таква цел во центрите за пружање услуги во Кичево, Велес и Прилеп и во Отворените детски катчиња во Куманово, Штип и Кочани ги поканивме младите родители на бебиња родени во 2016 година за им подариме пакет производи од линијата „Бекутан“ на Алкалоид.
Секој пакет содржи Пелени Џамбо пакување, шампон и купка, детска витаминска маст, инстант чај од сладок анасон за доенчиња и мали деца, бекутан влажни марамчиња, маст со рибино масло и детски сапун.
Алкалоид покажа голема професионалност и хуманост и за ромските бебиња подари дополнително 200 пакувања влажни марамчиња и 600 пакувања детски чај.
Досега се поделени 140 пакети за новороденчиња, а до крајот на годината ќе бидат поделени уште 60.