БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
(за hosting услуги)
06.11.2020
Почитувани,
Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово повторно објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.
1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за hosting услуги
1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на услуга на сервери.
1.4. Набавката на ова Барање е неделива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес и квалитет на понудената услуга.
2. Понуда
2.1 Понудувачот треба да достави понуда која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:
Понуда на VPS или Dedicated менаџиран хостинг за намена:
– Хостинг за веб страна (со мин 200 Г)
– Сервер за е-маил (по 50 Г за 10 електронски пошти)
– Телефонска подршка
3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет
Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
4. Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.
4.3 Карактеристики на понудата
4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.
4.5 Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до (понеделник) 16.11.2020 година до 16 часот.