БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
(за печатење водич за ромски граѓански организации)
12.02.2019
Почитувани,
Здружение Национален ромски центар од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов бр. 11/1, Куманово.
1.2. Предмет на барањето: Прибирање понуди за печатење водич за ромски граѓански организации.
1.3.Здружение „Национален ромски центар“ (НРЦ) во партнерство со Здружение „СИМБИОЗИС 12“ Куманово и ОРМ „Бела Кула“ Кичево го спроведува проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“ со поддршка од Делегација на Европска Унија и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на понуди за печатење на водич за ромски граѓански организации
1.4. Набавката на ова Барање е неделива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за квалитет на барателот.
1.5. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управа за јавни приходи без ДДВ до барателот, заради исплата од страна на средства од грант на Европска Унија.
- Понуда
2.1. Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:
- Печатење на 200 примероци на водич од 56 страни со подготвен дизајн во фул колор со димензија 24 Х 17 цм.
- Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Квалитет на понудените услуги
- Цена за печатење на 200 примероци
- Долговремено и потврдено искуство во областа
Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека искуството во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
Бодувањето на понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.
- Облик и содржина на понудата:
4.1 Понудата се изработува во писмен облик.
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, телефонски број, е-маил, адреса за контакт како и лица за контакт.
4.3 Тековна состојба од добавувачот, не постара од една година.
4.4 Карактеристики на понудата.
4.5 Рок и начинот на испорака на услугите.
4.6 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари без вклучен ДДВ.
4.7 Рок и начин на плаќање.
Набавувачот ќе го плати нето износот (без ДДВ) и ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган сите потребни документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет.
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected] или лично да ги доставите во архивата на НРЦ на адреса на ул. Доне Божинов бр. 11/1 Куманово, во период од 12.02.2019 до 22.02.2019 година до 16 часот.
Куманово 12.02.2019