Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.
1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за набавка на материјали за шиење
1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот “Зајакнување на ромската жена во Република Северна Македонија” финансиран со подршка на We effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради набавка на материјали за шиење.
1.4. Набавката на ова Барање е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.
2. Понуда
2.1 Понудувачот треба да достави понуда која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:
- Материјал за шиење чаршаф за маси (памук/полиестер) – цена по метар
- Памучен материјал за шиење детска постелнина – цена по метар
- Микрофибер материјал за шиење постелнина – цена по метар
- Памучен материјал (ранфорс) за шиење постелнина – цена по метар
- Памучно трико за долен чаршаф за душек – цена по метар
- Материјал за торби – кепер – цена по метар
- Конци за машинско шиење од полиестер – цена на клупко од 5.000 м
- Ластик за креветски чаршаф – цена по метар
- Материјал (полиестер) за изработка на престилки – цена по метар
- Патенти за навлаки за јастуци и јоргани – цена по метар
Напомена: Со избраниот (те) понудувач(и) ќе биде склучен договор, согласно кој набавките ќе се вршат во неколку наврати во период од август 2020 до ноември 2020. Договорот ќе биде склучен за најмалку 350 метри ткаенини вкупно. Понудените цени ќе треба да останат важечки до крајот на набавките (ноември 2020).
3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет
Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
4. Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.
4.3 Карактеристики на понудата
4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.
4.5 Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до (четврток) 30.07.2020 година до 16 часот.
Куманово 22.07.2020 | Финансиски и административен менаџер | ||
Славица Ќурчинска |