17.11.2020

Почитувани,

Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово повторно објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за дизајн и печатење на брошура

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот “Зајакнување на ромската жена во Република Северна Македонија” финансиран со подршка на We effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради дизајн и печатење на брошура.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

2.1  Ќе биде подготвен дизајн и ќе треба да се печати брошура за која е подготвен текст на вкупно 10 страни А4. Во соработка со НРЦ, понудувачот со кого ќе биде склучен договор за соработка ќе треба да подготви дизајн на 20 страни + корица. Понудувачот треба да достави понуда согласно потребите на набавувачот:

број на страници за дизајн и печатење: 20 страни + корица

формат: А-5

вид на хартија: 200 грамска

вид на врзување: лепење

техника на печатење: фул колор, двострано печатење

број на примероци: 600 примероци

прилог: линк до веб страна или друг извор каде може да се видат производите или достава на примерок доколку понудата се доставува лично

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до 24.11.2020 година до 16 часот.

      
   

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*