Здруженито Национален ромски центар од Куманово го спроведува проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство” во рамки на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија” финансиран од Фондацијата “Kvinna till Kvinna” ( The Kvinna till Kvina Fondation) а имплементиран од Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.Целта на проектот е унапредување на сиситемот на заштита, пристапот до информации и директната помош и поддршка за жените жртви на родово базирано и семејно насилство и нивните деца. Во рамки проектот жените жртви на семејно и родово базирано насилство можат да добијат директна помош и подршка преку пружање на бесплатна правна помош, и помош за обезбедување на потребна документација за започнување на постапка за заштита од родово базирано и семејно насилство. Проектот ќе се спроведува до 30.11.2022 а жените жртви на семејно и родово базирано насилство за помош и поддршка можат да се обратат во просториите на Национален ромски центар Куманово со седиште на ул. Доне Божинов 11/5.