Во вторник, на 18-ти декември, во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје, Националниот Ромски Центар организираше проекција на документарниот филм „Зајакнување на ромската жена, зајакнување на ромската заедница“.

Документарниот филм е придонес кон надминување на проблемот со личната документација на жената Ромка во ромската и македонска зедница. Со овој филм НРЦ алармира за ситуацијата на овие жени кои живеат на маргините на општеството, без никакви права и слободи. Автор на филмот е Драган Антоновски, а продукцијата е на Националниот Ромски Центар.

Во воведниот дел од промоцијата зборуваше Ашмет Елезовски, проект менаџер на НРЦ и авторот на филмот, Драган Антоновски. Специјален гостин на вечерта беше пратеничката во Европскиот Парламент, г-ѓа Елс де Гроен.

Филмот е дел од пошироки проектни активности. НРЦ аплицираше и заврши процедури за 192 лични документи за 138 деца и жени во Куманово. Сметаме дека ги охрабривме членовите на Ромската женска заедница да станат активни членови на општеството. Активноста е реализирана со поддршка од Roma Participation Program од Будимпешта.

Доколку сте заинтересирани да добиете примерок од филмот, може да не контактирате.
Филмот воедно може да се проследи и на нашата веб страна.

Фото галерија „Зајакнување на ромската жена, зајакнување на ромската заедница