НРЦ се приклучи кон заедничката изјава за медиумите
28 мај 2014, Брисел – „Здравјето на жените има директно влијание врз здравјето на идните генерации, нивните семејства и заедници, и, конечно, врз здравјето на заедниците.”
По повод Меѓународниот ден за акција за Здравјето на жените (1), европско јавно здравје, промоција на здравство и превенција на болести, здравствените професионалци и невладини организации кои работат на женски прашања го повикуваат новоизбраниот Европски Парламент (ЕП), неговите Комитети и политички партии да застанат цврсто, да го промовираат женското здравје, половата еднаквост и социјалната правда за сите. Ние веруваме дека прогресот во здравството за жени и девојки и посветеноста кон половата еднаквост ги формираат основните услови за резултати во добро јавно здравство во Европа и пошироко.
Напредокот во здравјето и правата на жените, оди зад репродуктивно и сексуално здравје (СРЗ). Затоа, тие не треба да бидат приоритет само на Комитетот на ЕП за родова еднаквост, но и да се гледаат како една заедничка политичка одговорност на други ЕП комитети кои се подеднакво важни за здравјето и благосостојбата на жените, како што се комисиите за јавно здравје и животна средина, вработување и социјални работи, правда и економски прашања, меѓу другото. Исто така, новата Европска комисија со својот нов претседател мора да гарантира дека здравјето на жените и родовата еднаквост ќе бидат на врвот на нивната политичка агенда.
Во денешна Европа, жените се диспропорционално повеќе погодени од економската криза и мерките на штедење често водат до сиромаштија. Многу жени се жртви на родово насилство и секојдневна дискриминација во различни области кои влијаат на нивното здравје. Во ЕУ, милиони жени немаат пристап до СРЗ, вклучувајќи и соодветна и прифатлива антенатална заштита; превенцијата е широко недостапна или премногу скапа. Оние со ниски примања, како Ромите и другите маргинализирани групи, го носат товарот на лошото здравје и социјалните последици од ова. Социо-економските, образовни, културни и етнички разлики, исто така влијаат врз моделите на однесување и пристапот до ресурси.
Утврдено е дека инциденцата и преваленцата на одредени болести се повисоки кај жените. На пример, остеопороза, автоимуни заболувања и нарушување во исхраната се почести кај женската отколку кај машката популација. Други болести и инвалидитети влијаат поинаку кај мажите и кај жените. Кардиоваскуларното заболување (CVD) е главен убиец кај постарите жени. Дебелина, пушење и седентарен начин на живот ги ставаат жените на висок ризик од развој на тип 2 дијабетес, кој што ризик се зголемува како резултат на подолгиот животен век на жените (2). Жените во Европа денес пијат повеќе алкохол, стануваат сé почести прекумерни алкохоличари, и здравствените проблеми поврзани со алкохолот започнуваат порано кај жените отколку кај мажите (3). Треба да се напомене дека, сепак, иако жените живеат подолго, тие обично ги поминуваат оние „добиени“ години со некој вид на хендикеп и понизок квалитет на живот. Жените ги надживуваат мажите во просек за 6 години, но сепак разликата во здрав животен век е само 18 месеци. Истражувањата, медицинската пракса и здравствените системи треба подобро да одговорат на родовите разлики и да го адресираат здравјето на жените низ нивниот животен век, како што е препорачано од Светската здравствена организација (4). Исто така е важно да се поврзат напорите за подобрување на репродуктивното и мајчинското здравје, како и она на новороденчињата и децата – „континуумот на заштита”.
Менувањето на социо-економските услови за жените ќе помогне во справувањето со сиромаштијата, социјалната исклученост, нееднаквостите во здравството, во зголемувањето на родовата еднаквост и социјалната правда за сите, вклучувајќи ги младите луѓе и постарите лица, на ЛГБТ заедницата, луѓето кои живеат со ХИВ / СИДА, малцинствата и мигрантските групи. Потребно е силно лидерство кое е посветено на пристап кој е холистичен, инклузивен и базиран на човекови права кон здравјето на жените и девојките во Европа и пошироко; пристап кој ќе ги препознае различните прашања како што се феминизацијата на сиромаштијата и насилството, одговорностите на владите при приоритизирање на здравствените пазари и реформи во здравствениот сектор. Таквиот пристап треба да разбере како интернационалните трговски договори влијаат врз пристапот на жените до здравството и другите ресурси.
„Нееднаквости искусени во раниот живот при пристапот до образованието, вработувањето и здравството, како и оние базирани на полот и културната припадност може да имаат критичко влијание врз здравствената состојба на луѓето во текот на нивните животи. Комбинацијата на сиромаштија со други ранливости како што се детството или староста, инвалидноста или малцинската позадина уште повеќе ги зголемува здравствените ризици и обратно, лошото здравје може да доведе до сиромаштија и / или социјална исклученост” – Европски парламент, Извештај за 2011 година за намалување на здравствени нееднаквости во Комитетот на ЕУ за животна средина, јавно здравство, и безбедност на храна (5).
-* Забелешки до уредникот
(1) Од своето лансирање во 1987 година, 28 Мај е признаен како Меѓународен ден за акција за Здравјето на жените од страна на неколку влади, разни меѓународни агенции и повеќе граѓански организации од целиот свет.
(2) NIH Office of Research on Women’s Health, 2010
(3) Alcohol and women in the EU by European Institute of Women’s health
(4) WHO Bulletin, Volume 91, Number 9, September 2013, 621-715. At the crossroads: трансформирање на здравствените системи за да го адресираат женското здравје во текот на животниот век.
(5) European Parliament report on Reducing Health Inequalities in the EU. (2010/2089(INI)
- Контакт
Javier Delgado Rivera, EPHA Комуникациски координатор [email protected] или 32 (0) 2 233 38 876