7 април 2009 година, Куманово, – Национален Ромски Центар (НРЦ) ја известува јавноста и институциите по повод 7ми април, Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува во чест на формирањето на Светската Здравствена организација како можност да се сврти вниманието на пошироката јавност кон значајни прашања од областа на здравјето секоја година, годинава се одбележува под мотото „Спаси живот! Безбедни болници во вонредни состојби“.
Светскиот ден на здравјето се прославува за да се одбележат заложбите и насоките за идните активности кои се приоритетна област. Светскиот ден на здравјето 2009 се фокусира на безбедноста и можностите на здравствениот систем и подготвеноста на здравствените работници да дејствуваат во итни и вонредни состојби.
Според Светската Здравствена Организација „здравствените установи и здравствените работници се критична точка за ранливите групи во вонредна состојба – при повреди, превенција од болести, грижа за здравствените потреби. Камен темелник на примарната здравствена заштита во заедницата е – да се задоволат секојдневните потреби, како што се: безбедни породи, вакцинација и хронични болести за кои континуирано треба да се води грижа и во вонредни услови“.
Република Македонија на денот на одбележување на Светскиот ден на здравјето треба да ги земе во предвид и Милениумските развојни цели на ООН кои се прифатени од сите земји членки на ОН и кои треба да се обиде да ги достигне и тоа: да се елиминира екстремната сиромаштија и беда, да се намали смртноста на новородени и доенчиња, да се вклучат сите во задолжително основно образование, да се промовира родова еднаквост.
Фактот дека во Р.М дел од ромската заедница живее во субстандардни услови за живот кои понатаму имаат влијание на здравјето и одредени ризик фактори на кои се изложени. Пред се надлежните институции треба да ја подобрат инфраструктурата во ромските населби заради тоа што честопати поради лошата инсфраструктура не можат службите за итна помош да влезат во населбите. Понатаму треба континуирано следење на индикаторите за заболувањата кај ромската женска популација и вршење на едукативни активности и ширење на информации внатре во ромските населби. Здравствениот систем е должен да обезбеди јавно-здравствени услуги за поединци и да биде ефикасен во организацијата, како и да се зголеми нивото на лична превентивна заштита т.е имунизација. НРЦ апелира да се зголеми социјална мобилизација на локалната заедница во унапредување на репродуктивното здравје на жената Ромка, неопходна е подршка од Владата за финансирање на превентивни програми.
Себихана Скендеровска
Координатор на проектот просперитет и здравје
на жената Ромка пат кон предизвици-продолжение