Соопштение за јавноста


Ромски деца во Македонија се запишуваат во специјални паралелки, притоа без јасен и транспарентен процес кој им дозволува на родителите да одлучат правилно и врз основа на правилни информации, покажува новото истражување на Европскиот Центар за Ромски Права (ERRC) од Будимпешта и на Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Куманово.

Наспроти скорешните изјави на македонски официјални лица, многу често образовниот систем и институциите, а не родителите, се тие што почнуваат процедури за упис на ромски деца во специјално образование. Истражувањето покажа дека повеќе од две третини или 68.5 отсто од испитаните родители рекле дека училишните раководства, експерти за образование или од социјални центри им препорачувале децата да ги пратат на тестирања за упис во специјални паралелки.

ERRC и НРЦ го спроведе истражувањето во градови во Македонија каде што има специјални паралелки, разговарајќи со 219 ромски семејства, како и со 22 деца вклучени во специјалните училишта и во паралелки за деца со специјални потреби во редовни училишта.

Децата во Македонија се запишуваат во специјални училишта под посебен, категоризациски процес. Штом еднаш се запишани во специјални училишта, станува скоро невозможно тие да се префрлат во редовни училишта, крајно ограничувајќи им ги шансите на децата во понатамошниот живот. Во текот на истражувањето се откри дека две третини (или 69.6 отсто) од родителите со деца во специјални паралелки посведочиле дека после првата категоризација, нивните деца никогаш повторно не биле тестирани. Скоро половина од испитаните родители (46.9 проценти) посочија дека не им било кажано зошто нивните деца се тестираат.

Можноста за родителите, тие да одлучуваат за образованието на нивните деца зависи од пристапот до целосни информации за тоа какви сѐ избори имаат. Резултатите од истражувањето посочија дека властите не прават доволно за да ги обезбедат тие информации. Скоро половина (45.3%) од испитаните ромски родители кажаа дека не ја знаат разликата помеѓу специјално и редовно образование. За ромските родители чии деца се во специјални паралелки, истражувањето исто така го покажа следново:

• 78.9 отсто од испитаните родители изјавија дека никогаш не им било кажано дека имаат право да ја оспорат препораката на властите да ги запишат децата во специјални паралелки.

• 67.6 проценти од родителите кажаа дека никој од властите не им посочил дека уписот на нивните деца во специјални паралелки сериозно ќе им ја ограничи можноста за пристап до високо образование и до вработување.

• 58.3 проценти од испитаниците изјавија дека никогаш не биле информирани дека тие имаат право да побараат повторно тестирање и реинтеграција на нивните деца во редовното образование.

Во текот на целото истражување постојано се истакнуваат бројни правни недоследности во законите за образование, како и во правилниците кои придонесуваат за ваквите проблеми. ERRC и НРЦ ја поттикнуваат македонската Влада да запре со уписите на деца во специјално образование, како и да усвои и да ревидира легислативи кои експлицитно ја поддржуваат десегрегарцијата на македонскиот образовен систем. ERRC обучи скоро 60 ромски активисти во Македонија на почетокот на годинава кои што учествуваа во истражувањето. Тоа е дел од тековен проект за десегрегација на образованието во Македонија.

Целосното истражување е достапно и на англиски и на македонски јазик.

За повеќе информации, контактирајте:

Синан Гокчен,

ERRC медиумски и офицер за комуникации

European Roma Rights Centre

[email protected]

+36.30.500.1324


Славица Ќурчинска

Национален Ромски Центар-Куманово

[email protected]

+38931427558, +38931427557