До г-дин. Јанез Јан, Премиер на Република Словенија
Cc. Драгутин Мат, Министер за Внатрешни Работи на Република Словенија
Cc. Матја Ханек, Канцеларија на Народен Правобранител на Република Словенија
Почитуван Премиере,
Национален Ромски Центар (НРЦ) е професионална невладина организација од Куманово, Македонија и е воспоставена со цел да ја претставува и стимулира активната партиципација и интеграција на Ромите на принципите на модерно мултиетничко Европско општество. Националниот Ромски Центар изразува голема загриженост за скорешните протерувања на Ромите и им порачува на властите на Република Словенија да извршат што е можно поскоро темелна истрага. Повикуваме на почит на човековите права и слободи, загарантирани за сите луѓе, според Европската Конвенција на Основни Човекови Права и Слободи како и Директивата 2000/43/ од ЕК (Расна Директива). Повикуваме на овие правни инструменти, според кои луѓето можат да бираат место и начин на живеење и еднакви права за учество во локални и национални тела за донесување на одлуки. Почитуван г-дине Премиере, Европскиот Суд на Човекови Права и други интернационални стандарди имаат потреба од ефективна официјална заштита каде што постои потенцијално прекршување на Европската Конвенција за Човекови Права. Понатамошни позитивни обврски се појавуваат кадешто постои можност дека расниот анимус би можел да влијае на настани, имплицирајќи ја Конвенциската забрана на дискриминација. Државните Партии спрема Конвенцијата, вклучувајќи ја и Словенија – имаат позитивна обврска да истражат наводни прекршувања на Европската Конвенција. Таквата обврска исто така спаѓа под Член 1, кадешто државите мора да ги обезбедат правата и слободите од Конвенцијата. Фамилијата на Стројан од Амбрус, Словенија мора да биде заштитена, но не да биде манипулирана и присилно истерана на расна основа. Фамилијата на Стројан има Словенско државјанство и според тоа го имаат правото да го изберат своето место на живеење, како и другите граѓани и овој закон е воспоставен од Словенскиот како и Интернационалниот Закон. Обврската да се истражи е поитна кадешто прекршувањата на Конвенцијата имаат расна мотивација. Според Член 14 од Конвенцијата, сечии права мора да бидат заштитени од дискриминација на основа на раса или други расни основи. Исто така веруваме дека има анти-Ромска пристрасност од страна на Словенските граѓани и Словенските власти. Затоа треба веднаш да се почне со темелна истрага и да се избегне прекршување на Европската Конвенција. Почитуван Премиере се обраќаме до вас со цел да ги преземете сите мерки според овластувањата на вашата канцеларија за да се изврши брза, темелна и ефективна истрага за истерувањето на фамилијата на Стројан и дека сите прекршители инволвирани во нелегални акции ќе бидат изведени пред правда. Властите би требале да ја истражат можноста од расна мотивација или околностите кои довеле да истерувањето на фамилијата на Стројан и да се доистражи дали имаи други форми на прекршување. Резултатите од истрагата треба да бидат транспарентни и да одговорат на сите прашања околу овој настан.
Ашмет Елезовски