До

Агенција за Основни Права на Европска Унија (FRA)

Директор Morten Kjaerum

Европска Комисија против Расизам и Нетолеранција на Совет на Европа (ECRI)

Nils Muiznieks, Заседавач, ECRI

Независен експерт за малцински прашања, Канцеларија на Висок Комисионер за Човекови Права

Г-ѓа. Rita Izsák

ОДИХР Директор Амбасадор Janez Lenarcic

ОДИХР Контакт Точка за Роми и Синти Andrzej Mirga

Почитувани,

Оваа реакција изразува особена загриженост за порастот на насилството и омразата кон Ромите во Бугарија, имајќи на ум дека Ромите како граѓани во ЕУ држава членка претрпуваат голема штета, загуба на човечко достоинство и претставуваат невини жртви. Реалноста е дека имаме проширување на екстремно насилство, омраза и загрозени основни права во Бугарија, Италија, Чешка Република, Словачка и Романија. Ако 6 од 28 држави членки имаат насилни бунтови и инциденти кон ромските граѓани, како тие ги почитуваат, заштитуваат и исполнуваат основните човекови права и слободи.

Ситуацијата е повеќе од аларамантна. Се надевам дека ќе има итни акции од Европските институции и дијалог на највисокото ниво и избрани ромски претставници – ги изрази своите грижи г-дин Ашмет Елезовски.

Ромите не претставуваат закана за јавниот и државниот ред и мир. Генерализираните претпоставки на одредени групи дека Ромите претставуваат закана за јавната безбедност не се доволно убедливи. Уште полош е фактот дека етничките критериуми се користат за објаснување на криминални тенденции.

Мисијата на FRA „Помагање за основните права да станат реалност за секој во ЕУ“ не е постигната во 6 земји.

Европската Комисија против Расизам и Нетолеранција (ECRI) во Септември 2011 издаде упатства – содржани во тринаесет Препораки за Генерална Политика – до 47-те држави членки на Советот на Европа за борба против анти-Циганизам и дискриминација против Роми. Сите препораки се однесуваат и на Бугарија и треба сериозно да се имплементираат и мониторираат.

OSCE/ODIHR не се осврнува кон предизвиците или кризните ситуации кои ги засегаат Ромите и Синти, на пример со спроведување на теренски посети во ек на криза.

Сигурност мора да биде приоритет. Сега сигурноста на европските граѓани Роми се загрозени во Бугарија како дел од Европската Унија. Итни мерки за елиминирање и намалување на бројката на инциденти мора да бидат применети и интернационалните институции мора да ги осудат и јавно да се заземат да прекинат сите форми на насилство и да реагираат за поддршка на основни човекови права. Расно мотивирниот екстримизам, како што знаеме, не е начин за интеграција.

Но треба да бидеме свесни дека од 27 во 6 ЕУ држави членки ромските граѓани се подложени на виктимизација, ектремистички насилство и омраза. Наша цел е да не се повтори истото прашање, туку да бараме итен одговор и решенија!