До

ЕУ Парламент, г-дин Претседател Јосеп Фонтелес Борел

Брисел, Белгија, факс: ++32 2 284 93 41

Почитуван г-дине Претседателе Јосеп Фонтелес Борел

Испраќаме силен протест за било каков акт на Антициганизам во ЕУ институциите, како што се случи пред скоро време во Европскиот Парламент, кога набљудувачот г-дин Димитар Стојанов од Бугарија, преку јавен разговор на електронска пошта, јавно ја навреди ромската европарламентарка Ливија Јарока од Бугарија со силни анти Ромски навреди. Овој настан би можел да биде и посериозна заканаотколку што се чини на почетокот и претставува силен индикатор за условите и атмосферата која преовладува во одредени кругови и институции во Европа. Затоа се надеваме дека нема да има слични испади на расизам против Ромите и дека нема да продолжат во вашата куќа, како и дека ќе искористите се што е во вашата моќ да ги информирате бугарските власти да го спречат г-дин Стојанов од идни такви изразувања во Европскиот Парламент.

Ашмет Елезовски