Од страна на Министерството за правда се одобрени првите 1700.оо денари на име трошоци за обемот на извршена работа од овластеното здружение за пружање претходна правна помош.
Иако според Законот за бесплатна правна помош, како и тарифата за надоместок на трошоците за работа на здруженијата за вршење на работи на претходна правна помош, на овластените здруженија им следува исплата на трошоци за сите три вида на бесплатна правна помош, овој надоместок на трошоците се однесува само за случаи по кои е одбрена бесплатна правна помош. Добиениот надомест од 1.700 денари ни од далеку не е доволен да покрие барем еден дел од основните трошоци. Во отсуство на ефикасен систем за надомест на трошоците функционирањето и давањето на претходна правна помош е овозможено со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија. Одобрените 1.700,00 денари ќе бидат искористени за покривање на административни и судски такси на дел од корисниците на бесплатна правна помош.