На првиот ден, конференцијата имаше чест да ја отвори Г-н Музафер Бајрам, министер без ресор во Владата, по што воведни обраќања имаа Г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен правобранител, Г-ѓа Јасна Пецевска – Талевски, советничка во Управа за водење на матични книги и Г-дин Нафи Сарачини, програмски менаџер на Делегацијата на Европската унија.

Тие во своите обраќања дадоа осврт кон суштината на проблемот на постоечкиот феномен на дискриминација кон ромските деца кој постои во македонското општество, кон досегашните обиди за справување со истиот феномен од страна на институциите на државата, и граѓанското општество, но исто така беше истакнато дека овој проблем и покрај сите тие обиди сеуште постои и е потребно системско решение за истиот. Во Националната стратегија за Ромите во нашата земја беше кажано дека отсуствуваат темите за дискриминацијата и за социјалната заштита. Од Министерот без ресор, беше кажано дека тие компоненти се земени во предвид за наредниот период, но и дека за тоа има политичка волја. Од друга страна Делегацијата на eвропската комисија во земјава, посочи дека прашањето за ромската интеграција котира виско на агендата и тоа ќе биде едно од првите поглавја кои ќе бидат отворени во процесот на преговорите за пристап на нашата земја кон Европската унија.

Во делот на презентација на резултатите од проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ презентација имаше проектниот менаџер Г-динот Мартез, кој ги изложи активностите од проектот и добиените резултати од анализата на случаите од терен. Децата од ромската заедница се директно дискриминирани во областа на образованието, но индиректно и во сите други области кои инаку треба да им гарантираат и обезбедат основни услови за пристоен живот. Посочено беше дека интеракцијата на терен е клучна, потоа следи доброто лобирање со државните институции, но и адекватен правен кадар кој може да адресира одредени проблематики по легален пат. Двајцата претставници на адвoкатскиот тим Адвокатите Г-дин Зоран Ристески, Г-дин Горан Грозданоски истакнаа со какви предизвици се соочуваа во комуникацијата содржаните институции при преземањето на правни дејствија и осмислувајќи правни стратегии при разрешувањето на случаите. Но и покрај големите бариери успешно се разрешени голем дел од идентификуваните случаи.

Следуваше претставување на резултатите од спроведените проекти од страна на подгрантистите на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца”, каде тие ги претставија своите проектни активности кои се срповедуваа во изминатиот период во 6-те општини.

Дводневната завршна конференција во рамките на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ која се одржа на 19-20 февруари 2019 година во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје е организирана од страна на „Национален ромски центар“ Куманово и партнерската организација Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*